Хрватска во првите шест месеци од оваа година ја посетиле 6,4 милиони туристи кои оствариле 25,4 милиони ноќевања, што е за 10 до 12 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти Хрватскиот туристички одбор (ХТЗ).
Според податоците на ХТЗ, поголем дел биле странски туристи, 5,5 милиони или 12 отсто повеќе. Меѓу нив најмногу ноќевања оствариле Германците, Австријците, Словенците, Британците и Полјаците.
Од јадранските области, најмногу ноќевања имало во Истра - 7,4 милиони, следува Сплитско-далматинска област со 4,5 милиони ноќевања и Кварнер со вкупно 4,3 милиони. Во Задар и во Дубровник се реализирани 2,6 милиони ноќевања, а 1,4 милиони во Шибеник.