Британската премиерка Тереза Меј на средба со нејзини влијателни соработиници изјавила дека е подготвена да го разреши шефот на дипломатијата Борис Џоносн, доколку тој се обиде да ја поткопа нејзината преговарачка позиција за Брегзитот, тврди лондонски „Тајмс“.

Британската Влада вчера усвои план за идните преговори со ЕУ околу истапувањето на Лондон од блокот, со кој се предлага создавање на зона на слободна трговија меѓу Велика Британија и Унијата по Брегзитот.

Британските весници посочуваат дека пред седницата на Владата, Џонсон се сретнал со најмалку петмина владини министри со кои разговарал за тоа како да реагираат на предлог-планот на Меј.

Џонсон во прсрет на референдумат за иднината на Велика Британија на ЕУ во 2016 година, беше еден до предводниците на кампањата за истапување на земјата од Унијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 22:37