Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско и неколкумина православни патријарси денеска во италијанскиот град Бари одржаа молитва за христијаните од Блискиот Исток.

- Соучесничкиот молк овозможи насилството да го покрие Блискиот Исток и да протера десетици илјади христијани од нивните домови, порача папата.

Тој нагласи дека Блискиот Исток е изворот на Христијанството, каде се чуваат древните христијански обичаи и наследство и каде е коренот на душите на христијаните.

- Но, во последните години регионот го покрија темни облаци на војната, насилството и разурнувањето, форми на окупација и различни манифестации на фундаментализам, присилна миграција и занемарување, истакна понтифот,

Папата Франциксо оцени дека сето тоа се случико поради „соучесничкото молчење“ на многумина, што резултирало „Блискиот Исток да стене земја каде луѓето ги напуштат своите имоти“.

- Индиферентноста убива и ние сакаме да го кренеме нашиот глас против таа убиствена незаинтересираност. Денес Блискиот Исток е место на жалост, страдање и молк, додека други ги газат тие земји во потрага по моќ или богатство, порача папата.

Молитвата се одржа во црквата „Санто Николо“ во Бари, каде што се чуваат моштите на Св. Никола Чудотворец, кој е еден од најпочитуваните светци во правиславниот свет. Дополнително, Бари, кој се наоѓа на италијанскиот брег на Јадранското Море, е избран за место на молитвата, бидејќи тој од секогаш важел за мост меѓу Истокот и Западот.

На молитвата присуствуваа вселенскиот партијарх Вартоломеј, како и патријарсите на Александрија, Антиохиија и Еруслим. Од најзначајните православни патријарси недостасуваше само поглаварот на Руската православна црква, Кирил, кого го претставуваше митрополитот Иларион.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 23:07