Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони ќе се кандидира на изборите за Европскиот парламент, што ќе се спроведат догодина, наведе денеска претседателот на ЕП, Антонио Тајани.

До неодамна Берлускони (81) имаше забрана да извршува јавна должност поради осуда за даночна измама. Во мај годинава судот ја укина забраната.

За весниот „Стампа“, Тајани посочи дека го замолил Берлускони да се кандидира за ЕП.

Запрашан, што му одговорил поранешниот италијански премиер, Тајани рече „мислам дека има намера да се кандидира, мислам дека му се допадна предлогот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 23:53