НАТО мора да се фокусира на своето присуство на источното крило на Алијансата, со цел да се одбраниме од потенцијалната руска агресија, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.

- Предизвиците за НАТО драстично се променија во изминатите години, посочи таа, додавајќи дека руското припојување на Крим и присуството во источниот дел на Украина е показател дека е важно НАТО да се фокусира на сопствената одбрана.

Меркел рече дека фокусот треба да се постигне преку неопходни договори и присуство во централните и источноевропските земји.

Таа истакна дека НАТО секако има одговорен однос со Русија, додавајќи дека тоа е единствената причина поради која се уште се водат разговори во советот на НАТО.

Како што јави МИА, американскиот претседател Доналд Трамп во минатото ги критикуваше членките на НАТО бидејќи не одвојуваат доволно средства за одбрана, барајќи да одвојат по два отсто од БДП за таа намена.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 01:12