Од денеска алкохолни пијалоци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта, откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.

Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 01:52