Во округот Санта Барбара, во јужниот дел на Калифорнија, прогласена е локална вонредна состојба поради пожарот што брзо се шири. Евакуирани се 3.200 жители.

Огнената стихија уништила 20 до 32 хектари земјиште и 20 објекти.

Околу 350 пожарникари се обидуваат да го изгаснат огнот, што е само еден од над 30-те кои горат во западните земји на САД.

Вчера е забележана и првата жртва, која настрадала при пожарот „Кламатаон“, што изби во четвртокот во близина на границата на Калифорнија со Орегон.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 20:49