Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во еднодневна посета на Република Турција, каде ќе присуствува на инаугурацијатана турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, информираа од кабинетот на српскиот претседател.

Честитајќи му ја победата на Ердоган, кој победи во првиот круг од претседателските избори на 24 јуни, Вучиќ истакна дека „Србија ќе продолжи да биде достоен партнер на Турција и на нејзиното лидерство“.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 23:11