Речиси сите Сиријци кои пред борбите избегаа кон границата со Јордан, се враќаат од граничниот премин назад во Сирија, соопшти хуманитарниот координатор на ОН за Јордан, Андерс Педерсен.

Како што јави МИА, неколку илјади лица избегаа за време на владините офанзиви против бунтовниците.

ОН наведува дека 320.000 лица биле протерани.

Сириската Влада пред неколку денови ги повика граѓаните да се вратат во земјата, откако е намален итензитетот на судирите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 23:11