Спасувачките екипи извлекоа две од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд.

За да дојдат до еден од излезите на пештерата, двете момчиња минале четири киолметри.

Спасените деца веднаш се префрлени во импровизирана амбуланта во близана на пештерата каде се подложени на детални емдицински прегледи.

Операцијата за спасување на децата започна претрпладнево и според најавите на локалниот кризен центар, таа ќе трае два до три дена.

- Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена, изјави раководителот на кризниот центар.

Како што јави МИА, децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 00:31