Марин ле Пен изјави дека француските судови се обидуваат да ја уништат нејзината националистичка партија Народен собир со блокирање на средствата кои партијата треба да ги добие од буџетот врз основа на нејзиниот изборен резултат.

Националниот собир требаше да подигне 2,35 милиони евра од државниот буџет, согласно францускиот модел на јавно финансирање на политичките партии. Но, средствата беа конфискувани од страна на суд кој ги истражува обвинувањата за злоупотреба на средствата што партијата ги добивала од Европскиот парламент.

- Се закануваат да го убијат Националниот собир, изјави Марин Ле Пен, напаѓајќи ги судовите и банките за намерно уништување на нејзината партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 10:24