Најмалку 14 лица загинаа синоќа во југозападниот дел на Никарагва при судир меѓу владините сили и противниците на претседателот Даниел Ортега, информираат невладини организации за човекови права.
Полицијата изврши операции во градовите Дириамба и Хинотепе, за да ги отстрани барикадите поставени од опозицијата.
- Има најмалку 14 загинати, но може да се и повеќе. Меѓу загинатите има еден специјалец, еден паравоен и двајца полицајци, рече Вилма Нунез, претседателка на Никарагванскиот центар за човекови права.