Сириската државна телевизија синоќа јави дека Израел извршил напад врз воено воздухопловната база во провинцијата Хомс, а единиците на сириската противвоздушна одбрана одговориле на таквата „агресија“.

При нападот, базата Т4 е погодена со четири ракети.

Сириската опсерваторија за човекови права објави дека мета на израелските ракети биле ирански трупи или несириски проирански борци.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 12:09