Претседателот на Палестинските територии Махмуд Абас изјави дека ќе продолжи да им дава финансиска помош на палестинските напаѓачи и нивните семејства.
Владата ќе продолжи да ги плаќа „нашите маченици, затвореници и ранетите луѓе“, како што го прави тоа од 1965 година, рече Абас на состанокот на лидерите на партијата Фатах.
Таа сума вкупно изнесува 330 милиони долари што е околу седум отсто од буџетот на властите на Палестинските територии, кој од 2018 година изнесува пет милијарди долари.
Израел смета дека исплата на оваа помош, која се однесува на 35.000 семејства на убиени Палестици го охрабрува насилството и со години бара да се прекине со тоа.
Абас, исто така, рече дека се спротивставаува на напорите на американската администрација повторно да почне израелско- палестинскиот мировен процес.