Предложениот заеднички буџет на евро зоната би можел да биде имплементиран под услов да не стане обичен трансфер на пари од богатите земји на сиромашните членки на ЕУ.
- Буџетот би можел да биде направен без каква било обврски од страна на овие другите, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.
Лидерите на Франција и Германија се слогласија минатиот месец околу предлог за таков буџет, кој би можел да се користи за намалување на економските разлики меѓу земјите од евро зоната и да се стабилизира економијата, меѓутоа со таа идеја не се согласија другите членки на ЕУ, пред се Холандија која е загрижена како можат парите да се повлечат и да се користат.