На карипската држава Хаити веќе трет ден беснеат безредија поради одлуката на Владата за зголемување на цената на горивото.

Насилните демонстранти ограбуваат продавници и блокираат улици во главниот град Порт О Пренс, а во некои места палат и автомобили. Полицијата досега повеќе пати користела солзавец за да ги растера демонстрантите, а странските амбасади ги предупредуваат своите државјани да ги избегнуваат немирните делови на градот.

Цените на горивата беа зголемена од 38 до 47 проценти, како дел од програмата за намалување на трошоците изработена во соработка со Меѓународниот монетарен фонд.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 13:03