Почнувајќи од денеска на полноќ, Австрија повторно воведе проверки на некои од граничните премини во земјата, мерка за која во Виена наведуваат дека е привремена и не е поврзана со мигрантската криза.

Проверки се воведени на преминот Бренер кон Италија и на Киферсфелден кон Германија.

Причината за оваа мерка е конференцијата на министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ во Инсбрук при крајот на неделава. Се очекува министрите да разговараат за мигрантската криза, која предизвика политички превирања во голем број земји во ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 13:04