Косовскиот претеседател Хашим Тачи ја доби поддршката од партиите на власт да го предводи процесот на преговори меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претставници на албанските субјекти кои се дел од оваа коалиција изјавија за весникот „Епока е Ре“ дека Уставот му дава легитимитет на Тачи да го претставува Косово во дијалогот.
Сепак, според нив, неопходно е за овој процес да се постигне политички консензус, односно во преговарачкиот тим да се вклучи и опозицијата, која, пак, и натаму продолжува да му го негира легитимитетот на Тачи како обединувачки фактор.