Амбасадата на Русија во САД ја посоветува Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да ги ажурира податоците за Русија во својата Светска карта, со тоа што ќе ги додаде Крим и Севастопољ.
Советот на Руската амбасада уследи откако ЦИА пред фудбалскиот натпревар Русија - Хрватска на Твитер објави список со информации за Русија во „Светската книга на инфорации на ЦИА“ и во еден од твитовите ја објави картата на државата, а во друг твит основните статистички податоци - големина од 17.098.242 километри квадратни и 142,3 милиони жители.
- Честитката е прифатена (за квалификувањето на руската фудбалска репрезентација во четврт-финалето на Мундијалот). ЦИА, Ве молиме ажурирајте ја картата на Русија и статистиката: Број на жители - 146,9 милиони, површина 17.125.191 километри квадратни, се наведува во твитот на Руската амбасада.
Во еден од постовите објавена е и картата на Русија со Крим и податоците за бројот на жители и територијата.