Илјадници Иранки објавија свои видео снимки на коишто играат, со ознаката #ИграњетоНеЕЗлосторство, во знак на поддршка за тинејџерката која беше уапсена поради снимки на Инстаграм, на коишто таа танцува „несоодветно облечена“.

Тинејџерката е обвинета за кршење на моралните норми во Исламската Република.

Таа на својот прифил на Инстаграм објавила околу 300 видео записи на кои изведува ирански традиционални, но и западни танци, при што на снимките се појавува без марама на главата, што е задолжителна за жените во Иран при појавување во јавност. По овој случај, иранската полиција најави дека има намера да забрани повеќе профили на Инстаграм, кои имаат слични „недолични“ содржини.

Девојката од своја страна тврди дека немала намера да прекрши никакви норми, туку само сакала да привлече што повеќе следачи. Кусо по апсењето, таа е пуштена од притвор со кауција.

Во Иран е забранет пристапот до Фејсбук и Твитер и до платформите Јутјуб и Телеграм, но Иранците имаат пристап до нив преку разни провајдери, како што е ВПН.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 13:50