Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе оди во Русија на финалето на Светското првенство во фудбал.
- Ќе одам на политичко и фудбалско патување, и ќе ја искористам таа шанса да одам во Москва на финалето на Светското првенство, изјави Салвини.
Тој најави дека ќе се состане со рускиот министер за внатрешни работи со цел да ги усогласат акциите во борбата против исламскиот тероризам, за кој, Салвини вели дека само навидум е поразен.
- Потоа ќе одам да се сретнам со Путин, наведе Салвини.
Кремљ досега не соопшти дека се во тек подготовки за состанок помеѓу Путин и Салвини.
Италијанската репрезентација не игра на Светското првенство, бидејќи не ги помина квалификациите за првенството.