Институците преку соработка со граѓанските организации ќе ја подобруваат транспарентноста, отчетноста и отвореноста, кои се дел од заложбите со четвртиот акциски план за отворено владино партнерство, што треба да биде усвоен следниот месец од страна на Владата.
На вториот јавен настан „Отворено владино партнерство - дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“, беа претставени предлог заложбите со кои Министерството за информатичко општество и администрација ги продолжува активностите за отворено владино партнерство согласно глобалната иницијатива кон која Македонија се приклучи од 2011 година.
Кон иницијативата се приклучи и Собранието на РМ, а според генералниот секретар Цветанка Иванова, се преземаат низа активности законодавниот дом да стане многу поотворен за сите граѓани. Следува измена на собранискиот Деловник каде ќе се зацрта процедура за начинот на кој невладините организации ќе можат да учествуваат во законодавниот и надзорниот процес затоа што сега учеството на невладиниот сектор зависи од добрата волја или инвентивноста на претседателот на матичното работно тело за одредена тема, но тоа не значи транспарентност, рече Иванова.
Според неа, за отвореност и транспарентност на Собранието, се уште има многу да се прави затоа што Парламентот има многу алатки кои не ги користи, а може и да примени алатки за таа намена и од други држави.
Како што појанси заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдовски, четвртот акциски план вклучува широк спектар активности што Владата ќе ги преземе следните две години со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста, ефикасноста и ефективноста. Документот содржи седум приоритетни цели: пристап до информации, интегритет и добро управување, фискална транспарентност, отворени податоци, транспарентност на локално ниво и климатски промени.
Отвореното владино партнерсто, укажа Бајдевски, се фокусира на подобрување на владината транспарентност, отчетност и отвореност кон граѓаните и ги поврзува владите и граѓанското општетсвото во реформите.
- Владите можат да бидат поефикасни само доколку отворат простор за консултации и критики со граѓанскиот сектор, потенцира Бајдевски, потсетувајќи и на неодамна објавените податоци од истражувањето на фондацијата „Метаморфозис“ според кои Владата на Република Македонија е на прво место во регионот во однос на транспарентноста во споредба со Албанија, БиХ, Србија и Црна Гора.
Со следењето на принципите на отворено владино партнерство Македонија е дел од глобалната мрежа на 70 држави. Во 2016 година државава ги поврза мерките од акцискиот план за отворено владино партнерство со глобалните развојни цели на ООН.
- Мерките во рамки на заложбата која се заминава со климатските промени се фокусираат на измени и и дополнувања на законската рамка која треба да овозможи поголема одговорност од страна на приватниот сектор како и да се подобри пристапноста и транспарентноста на податоците во врска со насоките за справување со климатските промени, рече Нарине Сахакјан, заменик на постојаната претставничка на УНДП во Македонија.