Лидерот на албанските опозициски демократи, Љуљзим Баша отпатува во ненајавена посета на САД, каде ќе има низа средби со официјални лица.
Од партијата не даваат деталји околу посетата, само дека тој во Вашингтон ќе остане до 12 јули и оти ќе оствари средби со високи претставници на американскиот Стејт департмент. Од таму ниту ја потврдуваат ни пак демантираат веста дека Баша ќе се сретне и со новата амбасадорка на САД во Тирана, Кетлин Ен Кавалец, која набрзо треба да го замени амбасадорот Доналд Лу.
Во отсуство на информации, дел од медиумите наведуваат дека Баша е повикан на „советување“ со цел надминување на тензиите на политичката сцена во земјата.
Инаку, неговата посета се случува во многу значен политички момент во Албанија, кога опозицијата најави силни активности против Владата, кои не подразбираат само протести туку и можност за бојкот на институцииите, па друи и „гаснење на пратеничките мандати“.
Во меѓувреме денешната пленарна седница на албанскиот законодавен дом, ја напушти опозицијата, откако не беше прифатено нејзиното барање да биде поништено гласањето за уривање на Националниот театар во Тирана.
Објектот,кој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте,изграден е 1938/39 по барање на албанскиот крал Ахмед Зогу и се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива албанската метропола.