Европската комисија и САД реагираа за отстранувањето на главниот обвинител на Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија Лаура Кодруца Ковеши, потенцирајќи дека државата треба да продолжи да се бори против корупцијата.

Европската комисија ја предупреди денеска Романија дека ако резултатите од борбата со корупција во државата се влошат по отстранувањето од раководната позиција во Националната дирекција за борба со корупцијата Лаура Кодруца Ковеши, тоа ќе биде земено предвид.

- Не коментираме за решенија поврзани со националните судски системи. Во неколку наврати забележавме колку е важно судскиот систем во Романија да биде независен, за да има моќ да се бори против корупцијата, додаде портпаролот.

Американската амбасада во Букурешт реагира на одлуката за отстранување на главниот обвинител на НДБК Ковеши, потенцирајќи дека Романија мора да продолжи со борбата против корупцијата.

- Амбасадата на САД ја потврдува посветеноста да ја поддржи борбата против корупцијата. Романија е регионален модел во однос на антикорупциската борба. Ја повикуваме Романија да ги задржи и да ги поддржи своите силни институции за борба против корупцијата, изјавија од Амбасадата.

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за отстранување од функцијата на раководителката на НДБК Ковеши по решение на Уставниот суд од мај. За Ковеши тоа е обид за блокирање на истрагите и на правдата.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 14:54