Гибсон СГ електричната гитара од 1965 година, којашто му припаѓаше на покојниот рокер Том Пети, заедно со негова капа цилиндар ќе бидат понудени на аукција на 21 овој месец, соопшти аукциската куќа Херитиџ.
Пети со гитарата свиреше на турнејата со Боб Дилан во 1986 година. Гитарата и цилиндарот се понудени од пријателот на Пети, Норм Харис, кој има продавница за ретки гитари.
Дел од парите од продажбата ќе отидат во две хуманитарни институции во јужна Калифорнија - прифатилиштето за бездомници Миднајт Мишн и Фондот за спас на животните.