Велика Британија денеска најави дека ќе издвои средства во висина од 10 милиони фунти за развој на дигитални вештини и вработување на младите во земјите од Западниот Балкан.
На првиот ден од Самитот за Западниот Балкан, во присуство на министрите за надворешни работи од ЕУ и Западен Балкан, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон објави дека Британскиот совет ќе спроведе обука на млади во повеќе од 4,500 училишта преку проектот „Училишта на 21-от век“.
Целта на проектот е да се развие дигиталната писменост и други вештини како критичко размислување и решавање на проблеми, кои се неопходни за напредок на следните генерации на иноватори и претприемачи од Западниот Балкан и Велика Британија.
- Со оваа финансиска поддршка Велика Британија ја потврдува својата посветеност на Западниот Балкан, желбата да се помогне во совладувањето на овие тешки поглавја во историјата на регионот и да се овозможи подобра иднина, истакна Џонсон.
Тој нагалси декам Велика Британија работи на меѓународно ниво за да им помогнеме на младите, особено на младите жени, да се здобијат со потребните вештини за да го искористат својот потенцијал и да учествуваат во идната економија.
Превиденот е проектот вреден 10 милиони фунти да трае повеќе од три години, по успешната пилот фаза на проектот „Училишта на 21-от век“ со која им се помогна на децата од основните училишта во развојот на вештини како критичко размислување, решавање на проблеми и дигиталната писменост.
Проектот ќе се одвива во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, вклучувајќи повеќе од 4,500 основни училишта и речиси еден милион деца. Целта е да се помогне на следните генерации на иноватори и претприемачи со обука за програмирање и кодирање.