Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани за време на денешната посета на Триполи ја истакна потребата да се направи црна листа на главните шверцери на мигранти, со цел успешна борба против трговијата со луѓе во Европа и Африка.

- Треба да се создаде „црна листа“ на големите шверцери, врз чија основа полицијата и безбедносните служби во Африка и Европа ќе соработуваат во името на една заедничка цел, изјави Тајани на прес-конференција и доде дека тие шверцери се „терористи, шверцери со оружје и луѓе“.

- Ако не ги уништиме криминалните организации, ќе биде многу тешко да се бориме против илегалната миграција, додаде тој.

Тајани го покренал ова прашање на состанокот со премиерот на Либија Фајез Ел Сараџ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 23:03