Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој е во ненајавена посета на Авганистан, го повтори повикот на администрацијата на Трамп за мирни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците.

Помпео ова го изјави на состаноците со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и шефот на извршната власт Абдула Абдула.

Помпео рече дека САД се залагаат за поддршка на мировен процес под покровителство на авганистанските власти со кој Талибанците ќе се вклучат во политичкиот живот, ако се откажат од тероризам, ги прекинат врските со Ал Каеда и ги прифатат принципите на авганистанскиот Устав.

Талибанците до сега неколку пати ги отфрлија таквите повици.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 23:03