Европската унија изрази решителна поддршка за украинската независност на денешниот Самит ЕУ-Укрина што се одржа во Брисел.

На самитот Украина ја претсавуваше шефот на државата Петро Порошенко, а Унијата ја претставуваа претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, во заедничкото соопштение од Самитот се искажува цврста поддршка за независноста на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Истовремено, осудено е нарушувањето на украинскиот суверенитет од страна на руските вооружени сили од февруари 2014 година.

- Уште еднаш ја осудуваме илегалната анкесија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација, која одржува избори во нелегално анкетиран полуостров, како и влошувањето на ситуацијата со човековите права’ се вели соопштението.

ЕУ се обврза дека нема да отстапи од својот пристап на отфрлање на руската анексија на Крим и ја повика Русија да дозволи пристап на меѓународните хуманитарни организации на просторот, кој не е под контрола на Украина.

Овој самит се одржа два дена пред пристигнувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Брисел на самитот на НАТО, како и пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки на 16 јули.

Многу европски сојузници на Трамп стравуваат дека на средбата со Путин, американскиот претседател би можел да попушти во однос на руската анкесија на Крим, поради која Русија е под европски и американски санкции.

Неодмана на новинарско прашање дали има намера да го повлече своето противење на руската анексија, Трамп кусо одговори „ќе видиме“. Подоцна неговата портпаролка објасни дека санкциите кон Русија остануваат во сила се додека „Москва не и го врат полустровот на Украина“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 23:04