Членовите на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј можеби обезбедиле поддршка од доволен број членови на партијата за гласање доверба за премиерката, изјави денеска политичкиот уредник на Би-Би-Си Лора Кунсберг, откако двајца министри во Владата поднесоа оставки.

- Има гласини дека ториевските пратеници ја достигнале волшебата бројка од 48 писма за да издејствуваат гласање за доверба – се уште нема начин да се дознае дали е точно – состанок во 17:30, напиша Кунсберг на Твитер.

За да се гласа за доверба на премиерката, потребно е 15 отсто од членовите на Конзервативната партија во Парламентот на Тереза Меј да напишат писмо до претседавачот на таканаречениот „комитет 1922“ на партијата.

Конзервативците моментално имаат 316 членови во Парламентот, така што 48 од нив треба да напишат такви писма за да ја оспорат Меј. Состанокот на „комитетот 1922" е закажан за денеска подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 02:09