Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира конзервативниот судија Брет Кавано за нов судија на Врховниот суд на САД.
- Имам чест за Врховниот суд да го именувам Брет Кавано, беспрекорен судија, рече Трамп.
Брет Кавано (53) во моментов е судија во Апелацискиот суд во Вашингтон, а беше и правен советник на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.
Судиите на Врховниот суд на САД кој има девет членови, се именуваат со доживотен мандат.