Во првите шест месеци од оваа година буџетот на Косово инкасирал нешто помалку од три милиони евра од казни за сообраќајни прекршоци, што е речиси двјно повеќе одошто во истиот период минатата година, информира директорот на Сообраќајната полиција на Косово Самедин Мехмети.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Мехмети за телевизијата КТВ изјави дека во овој период се изречени вкупно 184.800 казни, што резултира со инкасирање на 2,86 милиони евра.
Оваа сума, информира шефот на сообраќајната полиција на Косово, е за 88 отсто овисока од онаа што е забележана во истиот период од минатата година.
Освен тоа, во ова полугодие се конфискувани 2.822 возачки дозволи, за период од три месеци до две години.