Косовската полиција денеска соопшти дека во околината Гнилане биле уапсени пет лица осомничени за учество во активностите против уставниот поредок и безбедноста.

Во соопштението, косовската полиција ги демантира извештаите од медиумите дека операцијата е започната против некои поранешни припадници на косовските безбедносни сили.

Полициската операција продолжува во соработка и координација со правосилните органи, пишува во краткото соопштение.

РТС претходно јави дека припадниците на специјалните сили на косовската полиција влегле во просториите на Културно-просветниот центар „Божидар Митровиќ Шандор“ во Шилово во близина на Гнилане и во текот на акцијата притвориле тројца Срби.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 11:33