Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

На денешната прес конференција Столтенберг изјави:

-Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави Столтенберг, јави диписничката на МИА од Брисел.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 13:48