Генерал Јашар Гулер, командант на турската копнена армија, беше именуван за нов началник на Генералштабот на вооружените сили.

Гулер го презема местото на генералот Хулуси Акар, кој пак беше именуван за нов министер за одбрана од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган вчера го почна новиот петгодишен претседателски мандат, во кој ќе располага со нови, зголемени овластувања, и го именуваше својот кабинет.

Генералот Умит Дундар, досегашниот заменик началник на Генералштабот, беше именуван за командант на копнените сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 15:24