Израел ќе преземе акција против присуството на Иран на целата територија на Сирија, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман за време на посетата на Голанска Висорамнина.

- Иранското присуство во Сирија е неосновано и ние не сме подготвени да прифатиме иранско присуство каде било во Сирија, посочи Либерман.

Тој се сомнева дека Иранците и нивните сателити се обидуваат да создадат терористичката инфраструктура во сирискиот дел од Голансата Висорамнина, додавајќи оти Израел енергично ќе дејствува против каква било организација што ќе ја открие во регионот.

Либерман повтори дека Ерусалим нема да дозволи влез на сириски бегалци на израелска територија, но ќе продолжи да пружа хуманитарна помош.

Израелскиот министер, одговарајќи на новинарско прашање дали контролниот пункт Кунеитра помеѓу Сирија и Израел повторно ќе биде отворен и дали двете земји ќе воспостават некакви односи, изрази песимизам.

- Признавам дека сме далеку од тоа, но не исклучувам ништо, наведе Либерман.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 17:03