Австриските министри за одбрана и за внатрешни работи Марио Кунасек и Херберт Кикел најавија дека може да ја ангажираат армијата за контрола на надворешните граници на Европската унија.
Според двајцата министри, австриските војници би можеле да бидат упатени во пограничните членки на ЕУ со постигнување на билатерални договори или пак во рамките на Мисијата ФРОНТЕКС.
Австрија веќе две години ангажира неколку стотици војници за да ги засили своите полициски сили на границите со Италија, Словенија и Унгарија.
Најамбициозните австриски планови предвидуваат распоредување на европски безбедносни сили, преку ФРОНТЕКС, во делови на северна Африка, каде директно би дејствувале да се спречува илегалниот влез во Европа.