Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека „Турција никогаш нема да дозволи кипарските Турци да бидат малцинство", јави агенцијата Анадолија.

Ердоган во Никозија се сретна со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи по што изјави дека Кипар е прашање од национално значење.

- Кипар е нашето национално прашање. Наша цел е да се пронајде правило и одржливо решение за Кипар, рече Ердоган, додавајќи дека Турција никогаш нема да дозволи Турската Република Северен Кипар да биде жртва на „пат позиција".

- Секогаш сме биле со кипарските Турци и секогаш ќе бидеме, ја пренесува Анадолија изјавата на турскиот претседател.

Тој додаде и дека целта на Турција е да го удвои националниот доход по глава на жител на Турската Република Северен Кипар и тоа подрачје да се претвори во вистинска атракција во источниот Медитеран.

Посетата на Ердоган на Турската Република Северен Кипар е негова втора посета откако завчера беше инаугуриран за претседател на Турција. Тој претходно престојуваше во Азербејџан каде во Баку се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 10:04