САД подготвија нов список со кинески стоки со вредност од 200 милијарди долари годишно, за кои сакаат да воведат царини од 10 отсто од септември, изјави американскиот трговски претставник Роберт Лајтхајзер, цитиран од ДПА.

Во списокот се вклучени стотици продукти за храна, како и тутун, хемиски супстанции, автомобилски гуми, храна за домашни миленичиња и електроника.

- Повеќе од една година администрацијата на Трамп настојуваше Кина да ги прекине со нечесна пракса, да отвори пазари и да учествува во вистинска пазарна конкуренција. Од пред многу години Кина воведе непропорционални трговски мерки по однос на интелектуалната сопственост и иновации", изјави Лајтхајзер при објавувањето на предлозите.

Владата на САД ја обвинува Кина дека „спонзорира кражба на технологии на САД".

- Како одговор на кинеските противмерки и со оглед дека Кина не го менува своето однесување, претседателот нареди трговскиот претставник да почне процес со цел наметнувањее царини од 10 отсто на дополнителен увоз вреден 200 милијарди долари, изјави Лајтхајзер.

Минатата седмица САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 милијарди долари, а Кина одговори со реципрочни мерки за САД.

Претседателот Доналд Трмпп се изјасни дека, во крајна сметка, може да воведе царини за кинески стоки за околу 500 милијарди долари, што практично е еднакво на вкупната вредност на кинескиот извоз во САД за минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 10:17