Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и директорот на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

На официјализирањето на соработката ќе присуствуваат и претседателите на секторските комори на Сојузот и ќе се презентираат анализите од истражувањата за сивата економија во Република Македонија.

Целта на меморандумот, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија, е зацврствување на соработката меѓу двете институции преку преземање иницијативи за сузбивање на сивата економија, како и континуиранa размена на информации.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 10:17