Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Таа вели дека имала голема желба да докажа дека се враќа на старите патеки.

- Се чувствувам одлично. Ова е само мојот четврти турнир по враќањето. Не чувствувам притисок да мора да победам. Јас сум тука за да докажам - се вратив. Чувствувам дека се приближувам до моето претходно ниво, но до посакуваната форма се уште има долг пат, изјави Вилијамс.

Во полуфиналето, Американката ќе се состане со германската тенисерка Јулија Гергес.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 10:44