Речиси сто припадници на косовската полиција се очекува наскоро да бидат суспендирани, бидејќи долги години, додека ја вршеле службата, истовремено незаконски користеле и средства од фондот за борците на поранешаната Ослободителна војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Весникот „Коха Диторе“ во денешното издание пишува дека косовскиот полициски инспекторат испратил допис до генералниот директор на полицијата, со препорака да суспендира од работа 94 полицајци со разни чинови, кои години наназад работат истовремено користејќи инвалидска или здравствена пензија.

Меѓу нив, како што дознава весникот, има и полициски старешини кои вршеле истраги или работеле во оператива, а кои користеле инвалидски или пензии за лица со ментални проблеми како последица од војната.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 12:00