Во поплавите и свлечиштата во западниот дел на Јапонија до сега загинале 176 луѓе, јавија локалните медиуми цитирајќи официјален претставник на Владата.

Околу 70 лица загинале во најтешко погодениот дел, во околината на Хирошима.

Властите соопштија дека ова не се конечни податоци со оглед на тоа што многумина се водат како исчезнати, а катастрофата погоди илјадници луѓе.

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе ги откажа планираните патувања во Европа и на Блискиот исток, и ги посети центрите за евакуација.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 12:22