Генерални секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот самит на НАТО во Брисел изјави дека Алијансата овој пат нема да упати покана до Бих за членство.

- Босна и Херцеговина е наш партнер и тоа многу важен партнер. Не очекувам земјите членки на овој самит да разговараат за активирање на Акциски план за членство за Босна и Херцеговина. Исто така, не можам да ви кажам кога таа расправа ќе се најде на нашиот дневен ред, рече Столтенберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 13:21