РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блок 3, информираат од АД „Електрани на Македонија“.

Причината за планираното исклучување, како што посочуваат во соопштението, е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба, која овозможува производство од хидроелектраните што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување на помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот.

- Блок 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела. РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2, додека на Блок 1 се изведува капиталниот ремонт, стои во соопштението од АД ЕЛЕМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 13:41