Грција ја информирала Русија на 6 јули дека планира да протера руски дипломати од земјата за нелегални активности поврзани со митинзите против договорот со Македонија, изјави грчки дипломатски извор.

- Веќе извесно време испраќаме предупредувања до руските власти за (акциите на) тие четворица дипломати и цивили, и во петокот беше официјално покренато, а даден им е и разумен период од неколку дена да ја напуштат земјата, изјавил изворот.

Обвинувањата се однесуваат на вмешаност во митинзите против договорот со Македонија и обиди да им понудат пари на државни службеници, рекол изворот.

-Кога се појави случајот Скрипал, Грција не протера руски дипломати бидејќи не постоеја докази, додека пак сега постојат податоци што се однесуваат на националната безбедност и се преземаат мерки, рекле дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 14:07