Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчката агенција АНА-МПА вели дека е оптимист дека Албанија и Грција ќе постигнат договор за „еден нов стратешки документ за соработка“.
- Проблемите меѓу двете земји се тешки, но нивното решавање е апсолутно неопходно. Многу значајно е не само да се решаваат овие проблеми, туку истите да ги доведеме на друго ниво на соработка и партнерство. Односите меѓу двете земји мора да го надминат минатото и да го достигнат нивото на односите кое постои меѓу граѓаните на двете земји еден со друг, смета рече Рама.
Албанските меидуми јавуваат дека премиерите на двете земји,Рама и Ципрас, по средбата што ја имале во Лондон, најавиле дека “многу набрзо може да се очекува позитивно решение меѓу Албанија и Грција“. Во истото интервју Рама високо го ценува постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција.
- Период е кога треба високо да ги оценуваме постигнувањата и посебно договорот меѓу Грција и Северна Македонија, поради храброто лидерство на Ципрас и на Заев, кои презедоа ризик да потврдат нешто што не беше лесно, но тие исто така покажаа дека има решение ако постои волја, изјавил Рама.