Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а теми на разговор ќе бидат конфликтот во Сирија и мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.
- Тоа е многу важно за нациооналната безбедност на Израел. Ќе разговараме за Сирија, за Иран, како и за потребите на Израел во сферата на безбедноста. Многу ја ценам директната врска која ја имам со рускиот претседател Владимир Путин, истакна Нетанјаху пред поаѓањето за Москва.
Израелскиот премиер ќе го следи и фудбалскиот натпревар меѓу Англија и Хрватска на московскиот стадион „Лужники“.
Со влошувањето на ситуацијата во јужниот дел на Сирија, воените операции се приближуваат кон сириската граница со Израел.
Нетанјаху годинава неколку пати ја посети Русија, а последниот пат присуствуваше на воената парада на 9 мај во Москва.