Српската полиција, во соработка со Агенцијата за безбедност и разузнавање, уапси директори на три компании, кои се осомничени дека увезувале во земјата опасни материи.
Директорите на фирмите „Метал цинкара“ од Инџија, „Беоток“ од Панчево и „Месопромет“ од Панчево, како и еден службеник во „Беоток“, се осомничени за увоз на опасни материи во Србија и нивна недозволена обработка и складирање.
Полицијата соопшти дека на 6, 7 и 10 јули оваа година тие извршиле излевање во канализациска шахта, која е поврзана со градската канализациска мрежа, на опасни отпадоци - цинкова хлороводородна киселина од цистерна, сопственост на „Беоток“ и доставена од „Метал цинкара“.
На осомничените им е одреден 48-часовен притвор, по што ќе бидат изведени пред Обвинителството во Панчево.