До 2024 година Црна Гора ќе издвои два отсто од бруто домашниот производ за одбрана, изјави денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Самитот на НАТО во Брисел и најави нови мисии во Ирак и во Летонија.
- Прецизно дефиниран план е Црна Гора до 2024 година да издвои два проценти од БДП за одбрана, а во рамките на тоа и некоја година порано ќе одвои 20 отсто за модернизација на војската, истакна Ѓукановиќ.
Тој истакна дека на Самитот се донесено важни одлуки за зајакнување на политиката на одбрана и превенција, борбата против тероризмот и најави воспоставување на тренинг мисија во Ирак.
- Црна Гора ќе учествува и во силите на Алијансата во Летонија, заедно со Словенија, под команда на Канада, истакна Ѓукановиќ.